5 намирници кои ќе ве држат сити во текот на денот

Познато е дека најдобро е да консумирате по пет оброци дневно. Но, има денови кога немаме доволно време за грижа за исхраната.

Пишува: Црнобело

Не се препорачува често да практикувате прескокнување оброци, но сепак постојат намирници кои може да ве држат сити во текот на деновите со густ рапоред.
Тестенини

Тестенините се храна која ќе ве држи сити подолго време. Најдобро е да јадете тестенини направени од цели зрна пченица бидејќи содржи помалку калории од обичните.



Компири

Компирите содржат полисахариди, цинк и магнезиум кои му даваат ситост на организмот. Најдобар избор се печени или варени компири.



Малини

Малините се богати со влакна и витамин Ц, па на организмот му ги даваат потребните хранливи состојки во текот на денот. Тие се одлична ужинка која ефикасно го отстранува чувството на глад.



Алги

Алгите содржат влакна и го забавуваат варењето, а го забрзуваат метаболизмот. Затоа се препорачуваат да ги јадете ако сакате да ја задржите витката фигура.


Пуканки

Пуканките се едни од најздравите грицки, а според некои истражувања, тие содржат и состојки кои спречуваат појава на рак. Имаат малку калории и се вкусни, па слободно можете да ги јадете во текот на денот кога ќе почувствувате глад.

No comments

Powered by Blogger.