Пикавецот е најголемиот загадувач на светот: Потребни му се до 400 години за целосно да се разгради, а годишно фрламе по 4,5 трилиони парчиња

Пишува: Точка

Групите за заштита на животната средина веќе со години укажуваат на сериозноста од овој проблем.

Пикавецот од цигарите е најчестото парче ѓубре кое го фрламе ширум целиот свет. Се проценува дека годишно се фрлаат околу 4.5 трилиони парчиња.



На тој начин се создава огромен еколошки, здравствен и економски товар. На нив им се потребни од 5 до 400 години за целосно да се разградат по природен пат.



Многу земји забрануваат пушење на јавни места токму поради овој проблем, но тоа многу малку го намалува проблемот.

Групите за заштита на животната средина веќе со години укажуваат на сериозноста од овој проблем, бидејќи догорчињата од цигари можат да предизвикаат до воведување на токсини во синџирот на исхрана, оштетување на комерцијалното рибарство и залихите на вода.





Една неодамнешна студија покажа дека отпадот од цигари лесно ги задоволува стандардизираните градски и државни агенции кои укажуваат на супстанцијата како токсичен отпад. Оваа опасна материја долго време се наоѓа во животната средина, а честопати и е проголтувана од морските животни, езерските и речните, домашните миленици и останатите животни со кои ја делиме планетата, пренесува no-smoke.org.

Се разбира, во таа група спаѓаат и малите дечиња кои после тоа имаат сериозни здравствени проблеми.

Филтрите за цигари се направени од целулозен ацетат кој може да се подели на помали делови. Тие не ви даваат здравствена заштита туку едноставно претставуваат маркетинг-трик за цигарата да ви изгледа помалку штетна за употреба.

No comments

Powered by Blogger.