Собирал прашина 40 години, а денес вреди 2 милиони долари!

Пишува: Точка

Ова единствено Ferrari 365 GTB/4 го здогледа светлото на денот откако повеќе од четири децении стоело запуштено во заборавена гаража, а сега на својот сопственик ќе му донесе и навистина убава заработка.

Во периодот од 1969-та до 1973-та година, биле изработени 1.200 примероци од моделот Ferrari 365 GTB/4.

Од тој број, само 5 возила биле изработени со олеснета каросерија за трката 24 Hours of Daytona, а само еден од тие 5 автомобили можел да се вози и на јавни патишта – и тоа токму овој којшто со децении наназад собирал прашина (и корозија) во една заборавена гаража.



Практично, единствено во целиот свет, Ferrari 365 GB4/4 Daytona Berlinetta Alloy by Scaglietti, во месец септември ќе биде понуден на продажба како дел од аукциите на куќата RM Sotheby’s.

Иако е во прилично запуштено издание, автомобилот е во својата оригинална состојба, што колекционерите особено го почитуваат кај ваквите олдтајмери.

Освен тоа, автомобилот има изминато само 36.390 километри, што дополнително ја подига и онака високата цена.



Се проценува дека на претстојната аукција новиот сопственик за него ќе треба да изброи помеѓу 1.65 и 2 милиони долари, а со правилна реставрација, вредноста може единствено само да порасне.

























No comments

Powered by Blogger.