Ветер од 300 километри на час руши сè пред себе, најголемите удари допрва се очекуваат: Катастрофалниот ураган Ирма дошол до Карибите

Пишува: Точка
Ирма носи удари на ветар со максимална брзина од 295 километри на час.
Ураганот Ирма дошол до североисточниот дел на Карибите, а во текот на денешниот ден оваа олуја од петта категорија би требало да мине и преку други карипски острови, објавил американскиот Национален центар за урагани - NHC. 
Се наведува дека "потенцијално-катастрофалниот" ураган се наоѓа на 75 километри источно и југоисточно од островот Барбуда и дека носи ветрови со максимална брзина од 295 километри на час. 
Ирма предизвикала прекин на телефонските врски, а се предвидува дека за викендот би можела да ја погоди и американската сојузна држава Флорида. 
Ураганот на соседниот остров Антигва донел обилни дождови и силни ветрови, додека луѓето се собрани во домови и владини засолништа. 
Властите во соопштението го предупредиле населението да го избегне "уништувањето" кое го носи Ирма, пренесува AP
New York Times наведува дека Ирма би можела да предизвика големи уништувања во Порторико, американската територија во Карибите, на островите Хиспаниола, како и на Американските девствени острови, а загрозена е и Куба. 
NHC објавил дека во Мексиканскиот залив во наредните неколку дена би можел да настане нов ураган на 155 километри источно од Тампика во Мексико. 

No comments

Powered by Blogger.