Слатка кражба: Украдени 22 тони „Нутела“ во Германија

Пишува: Точка

Во текот на изминатиов викенд, крадци украле 22 тони „Нутела“.

Крадци во градот Нојштад украле ладилник во кој имало натоварено крем „Нутела“, заедно со „Киндер јајца“ и други слатки производи, објави британски „Телеграф“.

Украдената стока чинела меѓу 50 и 70 илјади евра.

Полицијата издала предупредување за сите граѓани кои ќе забележат дека некој нуди голема количина чоколада веднаш да пријават.

Независно од овој случај, полицијата во Виренберг трага по украдена приколка во која се наоѓале 30 тони овошје во вредност од 70.000 евра, која најверојатно е украдена во неделата навечер.

No comments

Powered by Blogger.