Моќниот ураган Харви го погодил брегот на САД: Ветер од 215 километри на час носи сè пред себе, но најлошото допрва доаѓа

Пишува: Точка

Ураганот Харви ја погодил територијата на Тексас, носејќи олуен ветер и дожд, а властите предупредиле дека се очекуваат "поплави од катастрофални размери".

Меѓутоа, по неколку часа, заканата ослабела и сега влегува во категорија 2, пренесуваат локалните медиуми.
Ураганот ја погодил областа на 48 километри североисточно од градот Корпус Кристи, пренесува AP.
Десетина илјади луѓе ја напуштиле таа област бегајќи од ураганот, а од крајбрежното Рокпорт, кој се наоѓа на патот на ураганот, пристигнуваат извештаи за штети, но засега нема информации за жртви или повредени.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на барање на гувернерот на Тексас, Грег Абот, одобрил прогласување на "зона на елементарна катастрофа", за да се олесни добивањето на помош



Харви, со ветер со брзина од 215 километри на час, би можел да биде најголем ураган во САД по Катерина во 2005. година.



Во моментот на ударот ураганот бил оценет со категорија 4, со удари од околу 200 километри на час. Во текот на ноќта ослабел, но неговата разорна моќ и натаму била голема.



CNN пренесува дека дошле извештаи за штети во неколку места, како и дека околу 211.000 луѓе останале без струја, во моментот на ударот на ураганот.



Авионските летови се откажани, училиштата затворени, а концертите и другите јавно настани одложени.

No comments

Powered by Blogger.