Досие: Дилавер Бојку - Леку ! Живеел како крал, имал три жени, неколку љубовници и над 200 робинки

Пишува: Точка

Дилавер Бојку (58) со прекар Леку, е некрунисаниот балкански крал на проституцијата, кој пред неколку дена со неколку куршуми во главата околу 17 часот бил убиен во Струга, пред неговиот ресторан Аква Блу.

Бојку е убиен поради крвна одмазда која се спремала дури две години. Тој е убиен поради одмазда за убиството на Ситем Истрефи (23) во 2015 година кога го убиле братот и таткото на Бојку. Извори од Струга наведуваат дека било прашање на време кога фамилијата Истрефи ќе дојдат по Бојку.


Инаку станува збор за фамилија по потекло од Долна Белница, со кои фамилијата на Бојку била во војна околку концесијата за плажите на струшката обала на Охридското Езеро, која на крај била доделена на Бојку.

Пред две години на 13 декември 2017 година дошло до пресметка на овие две фамилии во која бил убиен Ситем Истрефи, а тешко ранет неговиот брат Прентим Истрефи. Во пресметката биле користени автоматски пушки и пиштоли. Исто така тогаш бил ранет и братот на Бојку, Башким Бојку (45) кој официјално се наоѓа во притвор, но некои извори велат дека бил чест гостин во плажите кај брат му.

Инаку од 1979 година против Бојку биле поднесени 17 кривични пријави поради проституција. За прв пат бил уапсен на почетокот на февруари 2003 година во неговиот хотел "Берн" во близината на Струга, поради трговија со луѓе кога бил осуден на шест месеци затвор.

Од затвор побегнал на 20 јуни 2003 година пред очите на полицијата и стражарите. Во моментите кога Бојку без лисици бил пренесуван до охридскиот затвор, тој го бутнал стражарите и со трчање отишол во правец каде го чекало возило со кое побегнал. Неколку дена подоцна, поради неговото бегстсво, директорот на затворот, Драган Петрески, бил сменет.

Во заедничка акција на црногорската и македонската полиција, две недели подоцна Бојку бил уапсен во Улцињ, додека го спремал неговото бегство за Бразил. Во Црна Гора влегол со лажни македонски документи, а уапсен бил за само неколку часа по потерница која ја распишале од Интерпол.



Со хеликоптер бил испорачан во Македонија, а истата година бил осуден на казна затвор од три години и осум месеци за кривично дело трговија со луѓе и проституција. По излегување од затвор, Бојку наводно започнал да се занимава со легален бизнис, воглавно угостителство и туризам.

Дилавер Бојку ги контролирал двете главни илегални рути за транспорт на девојки и жени на Балканот. Едната била рутата која одела од Бугарија, а другата од Албанија. И двата канала завршувале во неговото родно село Велешта во Струга, кое важело за место со најголем број на проститутки во Македонија.

Наводно, тој во секој момент под своја контрола имал од 200 до 250 девојки спремни за продажба. Како што велат локалците, Леку за себе ги чувал 20-те најубави девојки, кој ги нудел на клиентите во својот бар "Експресо". По неколку месеци работа кај него, тој ги продавал во Косово, каде овој бизнис бил уште попрофитабилен.

Наводно Леку живеел со три "вистински" жени, имал голем број на љубовници, а останатите "робинки" ги продавал по цена од 1.000 до 5.000 евра. Американското Федерално истражно биро (ФБИ) и Интерпол го истражувале Бојку и неговите "илегални бизниси", кој ги водел од струшкото село Велешта, во кое до 2006 година се одржувале "аукции" на девојки кои биле киднапирани или со превара регрутирани на Балканот од државите на поранешна СССР. САД дури нуделе и 10.000 долари за било каква информација за озогласениот бос, но информации немало ниту за лек.

Убиецот на Бојку по обавената ликвидација се качил на моторцикл и побегнал во непознат правец. Полицијата сѐуште е во негова потрага.

No comments

Powered by Blogger.