Само 18 проценти би го купиле скапиот iPhone 8?

Претставувањето на Galaxy Note 8 одеше одлично... се додека Samsung не ја најави неговата цена од 950 долари.



Иако добивате моќни спецификации и премиум дизајн за цената, голем дел од фановите сметаат дека се многу пари за телефон. Од друга страна, цената на Note 8 е одличен пример за тоа што не чека следниот месец со претставувањето на iPhone 8, кој ќе чини повеќе од 1000 долари.

Аналитичарите сметаат дека голем број од корисниците не би го смениле својот телефон за новиот iPhone. Наместо него, би го купиле iPhone 7 или iPhone 7 Plus. Според аналитичарот Mark Moskowitz, само 18% од потенцијалните iPhone купувачи би потрошиле повеќе од 1000 долари на уредот.

Дали вие би потрошиле толку пари за iPhone 8?

No comments

Powered by Blogger.