Сега провоцираат Американците: Над 17 илјади американски војници пристигнуваат во Јужна Кореја

  
Пишува: Точка

Над 17 илјади американски војници, заедно со уште неколку сојузнички земји, ќе учествуваат во големите воени вежби во Јужна Кореја.

Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја ќе одржат заеднички воени вежби наречени Ulchi Freedom Guardian (UFG) од 21-ви до 31-ви август, соопштија синоќа од Пентагон.

Сето ова се случува во екот на тензиите кои што владеат на Корејскиот полуостров и практично регионот е на самиот раб на војна поради ракетната програма на Северна Кореја, како и нивната програма за нуклеарно вооружување.

Во соопштението на Пентагон е наведено дека во вежбите ќе учествуваат окол 17,500 американски војници заедно со војниците од Австралија, Канада, Колумбија, Данска, Нов Зеланд, Холандија и Велика Британија.



„Ulchi Freedom Guardian е компјутерска симулација на одбранбени вежби со цел да се зголеми подготвеноста за заштита на регионот и одржување на стабилноста на Корејскиот полуостров“, стои во соопштението на Пентагон.

Сега се чека на официјална реакција од Пентагон, каде што сигурно нема да биде добро пречекана ваквата информација, со оглед на тоа што само пред неколку дена Ким Јонг Ун направи чекор наназад и се откажа од понатамошни акции во врска со планот на севернокорејската армија за ракетирање на американскиот остров на Пацификот - Гуам.

Иако светските лидери повикуваат на смирување на тензиите и бараат сите страни да попуштат, јасно е дека еден ваков потег е крајно ризичен и Американците ризикуваат контра-реакција од Ким Јонг Ун, која што лесно може да прерасне во отворена војна.

No comments

Powered by Blogger.