Најопасните земји на светот: Во овие 16 држави туристите одат на сопствена одговорност

Пишува: Точка

Политичка нестабилност, киднапирање, грабежи, убиства, силувања, тероризам - сето тоа покажува дека патувањето може да биде и тоа како опасно. Ви ги претставуваме 16-те земји кои би требало да ги заобиколите во широк агол доколку се грижите за сопствената безбедност.

Авганистан

Хотелите и сопствениците на на различни објекти за издавање добиваат закани на дневна база, а заканата од тероризам е голема. Исто така, станува збор за земја со голем број пријавени случаи на киднапирање.

Буркина Фасо

Голема закана од тероризам, посебно кога станува збор за хотели, ресторани и кафулиња.

Бурунди

Политичка нестабилност и голем број инциденти поврзани со насилство, меѓу кои и судири на вооружени банди.

Централно-африканска Република

Разни видови на тензии ширум земјата. Насилства, кражби, убиства и нарушување на човековите права во оваа земја се застапени во широка мерка.

Чад

Висока закана од тероризам, посебно на места на кои се движат туристи.

Демократска Република Конго

Политичка нестабилност, судири на вооружени банди, насилство. Ситуацијата дополнително ја отежнува големиот прилив на бегалци од соседните земји.

Ирак

Некои провинции се под контрола на вооружени групи, додека безбедноста на жителите и туристите е на ниско ниво.

Либија

Вооружени судири, висока закана од тероризам, киднапирања.

Мали

Голема закана од тероризам, вклучувајќи киднапирања.

Мавританија

Висока закана од тероризам, вклучувајќи и киднапирања. Ризикот е најголем за жителите на САД. Се советува посебно да се внимава на јавни места.

Нигер

Висока закана од тероризам, киднапирање, вооружени судири.
Северна Кореја

Политички тензии кои може да доведат до дополнителна нестабилност во регионот.

Сомалија

Терористичките групи јасно упатиле закана до сите туристи од Западот, како и луѓето кои работат во оваа земја.

Јужен Судан

Ситуацијата во оваа земја е релативно мирна од кризата во 2016. година, но ширум земјата и натаму се случуваат напади на дневна база.

Сирија

Ситуацијата е многу ризична и опасна во оваа од војна уништена земја. Воените операции се секојдневни, а локалната влада ја изгубила контролата на над некои делови на земјата, со кои загосподарила Исламската држава.

Јемен

Ситуацијата е многу тензична и нестабилна. Во некои делови на земјата не се знае која фракција има контрола. Покрај константните вооружени судири, постои и висока закана од тероризам и киднапирање, а нападите се насочени и на туристи.

No comments

Powered by Blogger.