После 157 години, Биг Бен запира: Најпознатиот часовник на светот нема да работи во следните четири години

Пишува: Точка

Лондонскиот часовник Биг Бен следната седмица ќе престане да работи поради обновувањето на кулата, а ѕвоната на познатиот часовник кој што е симбол на градот нема да се слушаат во идните четири години.

После 157 години речиси непрекинато работење, часовникот со ѕвоната сместени во кулата на Елизабета во едно од крилата на Вестминстерската палата, во понеделник и официјално ќе запре со работа, соопштија од долниот дом на британскиот парламент.

Ѕвоното кое што е тешко 13,7 тони ќе мора да престане со работа поради безбедноста на работниците кои што ќе бидат ангажирани во проектот за поправка на ѕвоното, часовникот и самата кула, пренесува „Блумберг“.



Часовникот инаку започнал со работа во 1859-та година и од тогаш ѕвони на секои 15 минути.

Последен пат кога жителите на Лондон не можеа да го слушнат ѕвоното на Биг Бенг беше пред 10 години кога било извршено „кратко одржување“, а претходно поради реновирање ѕвоното било надвор од употреба од 1983-та до 1985-та година. Исто така, ѕвоното не се огласуваше за време на погребот на британската премиерка Маргарет Тачер во 2013-та година.



Инаку, името Биг Бен се однесува на самото ѕвоно, но називот станал вообичаен и за часовникот и за целата кула која што пред неколку години го доби името по британската кралица Елизабета Втора.

No comments

Powered by Blogger.