Туристи малтретирале бебе делфин за да направат селфи: По 15 минути животното умрело

Пишува: Точка

Наводно децата во преголемата желба да си играат со делфинот, случајно му ги блокирале органите за дишење.

Бебето делфин предизвикало воодушевување кај туристите, кои сепак претерале во желбата да се фотографираат со преслаткото животно. По 15 минути малтретирање, делфинот умрел.

Фотографиите од умрениот делфин на плажата во шпанска Алмерија ја шокирале јавноста. Туристите се собрале околу него во желба за фотографија, но 15 минути по дружењето женката делфин умрела од застој на работа на срцето и белите дробови, предизвикан од преголем стрес.

Фотографиите биле објавени на Фејсбук страната на една непрофитна организација, која го штити животинскиот свет. Во описот на објавата пишува:

"Луѓето се најирационални животни кои постојат. Многу од нив не чувствуваат емпатија кон друго живо суштество, во овој случај кон преплашениот, гладен и оставен без родители делфин. Се што сакале во својата себичност е да направат фотографија и да го допрат делфинот, иако очигледно бил под стрес".

Активистите додаваат дека туристите не се виновни што делфинот останал без мајка, но требало да го остават на мир.

Наводно децата во преголема желба да си играат со делфинот, случајно му ги блокирале органите за дишење. Несреќата се случила во познатото одморалиште Мохакар на југоистокот на Шпанија.

No comments

Powered by Blogger.