132 убиства, дрога и милиони: Колумбија и натаму го брка побегнатиот нарко-бос, во Италија исчезнал и станал дух

Пишува: Точка

Бил член на озлогласената терористичка организација...

Доменико Антонио Манкуси Хојос, еден од најголемите светски трговци со дрога, бил уапсен во 2014. година во Империја во Италија и ослободен, бидејќи не можел да биде екстрадиран во Колумбија, која сега повторно го бара.

Овој корпулентен и маркантен маж со големи тетоважи на вратот слободно може да се смета и за дух, со оглед на тоа дека му се губи секаква трага, откако италијанскиот судија морал да го пушти на слбоода, бидејќи имал двојно државјанство, и италијанско и колумбиско, поради што не можел да биде екстрадиран.

Во Јужна Америка Манкуси Хојос се издигнал на чело на АУЦ, египетско-колумбиска парамилитантна организација, поврзани со напади на села, фрлање бомби на шопинг молови, убиства на политичари и обвинители. Но, некако успеал да избегне интернационална потерница. Меѓутоа, сега Колумбија, каде тој и натаму е баран, од Италија бара да го пронајде и предаде, а се во склад со неодамна потпишаниот договор на овие две држави.

Италијанските инспектори веруваат дека тој не ја напуштил Италија, иако имал излети до Монте Карло.
Доменико Антонио Манкуси Хојос инаку како дете живеел во Боливија, од каде подоцна се преселил во Чиле, каде завршил факултет и воено училиште. Подоцна се приклучил на АУЦ и станал нивен командант. Бил поврзан со тековите на дрога, а се товари и за најмалку 132 убиства. 

No comments

Powered by Blogger.