Бранови од 12 метри и силен ветер: Патниците на луксузното крстарење мислеле дека тоа е нивната последна ноќ

Пишува: Точка

Патниците кои се надевале на пријатно крстарење го преживеале најлошиот ноќен кошмар, кога луксузниот брод го зафатила огромна олуја во близина на Нов Јужен Велс во Австралија.

Ветерот дувал со повеќе од 80 километри на час, а брановите биле високи околу 12 метри.
Една од патничките, Џудит Спенс, снимила како морето го фрлало бродот од една на друга страна, но и како изгледала внатрешноста на бродот по невремето.

Садовите биле насекаде по подот, а во речиси сите кабини имало материјална штета.



"Тоа беше најстрашната ноќ во мојот живот. Мислевме дека ќе се превртиме, на многу луѓе им се слоши. Брановите беа високи околу 12 метри, а ветерот дуваше со 100 километри на час', рекла Џудит.



И покрај се, патниците на крајот му аплаудирале на капетанот и на екипажот на бродот на смиреноста и професионализмот.



За среќа, никој не бил повреден, а бродот, со повеќе од 2.000 патници, успешно се вратил на пристаништето во Сиднеј.

No comments

Powered by Blogger.