Не му дозволуваат да биде дете: Еве зошто медиумите го дочекале 11-годишниот Барон Трамп на нож!

Пишува: Точка

Белата куќа повторно пратила барање до медиумите да ја почитуваат приватноста на најмладиот син на американскиот претседател, Барон Трамп, кога еден конзервативен веб стајт го критикувал поради неформалната облека која ја носел при враќањето од летниот одмор.

11-годишниот Барон носел бермуди, маица и мокасини без чорапи, кога во неделата наутро дошол во Белата куќа од семејната куќа во Њу Џерси.

Доналд Трамп носел одело и кравата, а неговата сопруга Меланија облекла тоалета до листовите, без ракави.
Колумнистот на сајтот Daily Caller, Форд Спрингер, напишал дека бидејќи Барон нема никакви одговорности како син на претседателот, "најмалку што може да направи е да ја промени облеката кога се појавува во јавност".

"Барон се враќал во Белата куќа од Њу Џерси во неделата, и додека претседателот и првата дама допатувале во своето најдобро неделно издание, младиот Барон изгледал како да оди во кино", напишал Спрингер.

Портпаролката на првата дама, Стефани Гришам, апелирала до медиумите да му овозможат на Барон да биде дете и да му дадат приватност.
"Тој е малолетник и ја заслужува секоја можност да има приватно детство", рекла Гришам. Во заштита на Барон застанала и ќерката на Бил и Хилари Клинтон, Челси, која на Твитер напишала дека е "крајно време медиумите да го остават Барон Трамп на мир и да му дозволат да има приватно детство какво што заслужува".

No comments

Powered by Blogger.