Обидете се да не заплачете: Ова куче веќе 10 години не го напушта гробот на својот сопственик, но тоа не е најтажно

Пишува: Точка

Германскиот овчар наречен Капетан, побегнал од дома по смртта на својот сопственик, Аргентинецот Мигел Гузман во 2006. година. Кога една седмица подоцна семејството на Мигел дошло да го посети гробот, го видело кучето како седи покрај истиот и завива. Капетан од тогаш не го напушта гробот во градот Вилја Карлоз Паз, во централна Аргентина.

Повеќе од 10 години, ова, сега веќе старо 15-годишно куче, продолжува со својот ритуал и покрај тоа што е делумно слепо и одвај може да оди.



Капетан секоја вечер во исто време легнува на гробот и не станува до утро.
Мигел Гузман го купил кучето како подарок за 13. роденден на својот син Дамиан во 2005. година. Во март 2006. година Мигел одненадеж починал, а кога семејството се вратило дома од погребот, Капетан исчезнал.


"Го баравме, но не можевме да го најдеме. Мислевме дека побегнал или умрел. Кога следната недела отидовме на гробишта го пронајдовме покрај гробот на мојот сопруг. Дотрча до нас и почна да завива. Изгледаше многу тажно. Ние никогаш не сме го воделе на тие гробишта, па не ни е јасно како го пронашол гробот. Тој едноставно не сака да го остави Мигел сам", рекла Вероника Гузман.
"Само се појави наредниот ден. Шеташе низ гробиштата, а потоа застана покрај еден гроб. Никогаш не го напушта гробот. Точно во шест часот легнува таму и не станува до утро. Работниците на гробиштата го сакаат и го хранат", рекол Хектор Басега, шеф на гробиштата.

No comments

Powered by Blogger.