10 начини како да се одвикнете да јадете по вечерата

Сите ја знаеме борбата со желбата за нешто благо или мрсно доцна навечер. Но, сите знаеме дека не смееме да си го дозволиме тој „луксуз“ ако сакаме здраво и стегнато тело.




Ако и вие ја имате маката со желба за оброк плус после вечерата, послужете се со некои од овие совети и трикови кои ја намалуваат желбата за доцен оброк:

1. Јадете јајца за појадок (докажано е дека така во наредните 24 часа ќе бидете посити).



2. Не купувајте грицки кои ве ставаат во искушение.


3. Избегнувајте „празни калории“ кои не ве држат сити, како алкохол, торти, брза храна, прженици и мрсни сосови.



4. Преполовете го количеството на сол кое го внесувате во текот на денот.


5. Додадете брокула во салатите, бидејќи ве држи подолго сити.


6. Спортувајте, докажано е дека така го намалувате отворањето на апетит доцна навечер.


7. Кога сте гладни, изладете ја собата или истуширајте се со студен туш.


8. Пијте минерална вода кога и да почувствувате глад.


9. Или исчеткајте ги забите. Ова потсвесно вели „нема повеќе јадење за денес.“


10. Легнете си пред 23:00 часот.

No comments

Powered by Blogger.