10 ѕвезди на кои порано им велеле дека се грди за да бидат во светот на шоу бизнисот

Многу славни ѕвезди мора да го имаат „она нешто“ што ја привлекува публиката, ако сакаат да влезат во светот на шоу бизнисот.



А, на овие 10 упорно сите им велеле дека едноставно одбиваат со изгледот и никогаш нема да успеат како актери и пејачи.

За среќа, со тек на време го докажале спротивното:
Бенедикт Камбербач

Во 2010-та кога Бенедикт почна да го глуми Шерлок, сите се бунеа како не е доволно сексапилен и харизматичен. Неколку епизоди подоцна – сите го обожаваа.



Мерил Стрип

Кога Мерил Стрип имала 27 години, била на аудиција за главниот лик во Кинг Конг. Продуцентот се свртел кон колегите и на италијански прашал: Зошто го поканивте ова грдо суштество?


Џесика Честејн

Црвенокосата била одбивана и етикетирана како непривлечна токму заради нејзините пеги и црвена коса.


Кеша

Кога Кеша се појави сите го критикуваа нејзиниот изглед, што ја довело до сериозни здравствени проблеми. Неколку години подоцна, по многу третмани, Кеша реши да не го слуша јавното мислење.


Криси Тајген

Тешко е да замислите дека најпосакуваниот бикини модел на денешницата некогаш била исмејувана. Во времето кога била млада, Криси била отпуштена од една фотосесија заради тоа што сред снимање сфатиле дека е „премногу дебела.“


Тејлор Лаутнер

На почетокот на Twilight сите беа толку опседнати со Роберт Патинсон, што го мразеа Тејлор. За на крај грдото пајче да прерасне во лебед.



Тајра Бенкс

Силна жена која остро се спротивстави на критиките на фотката во монокини, после која сите ја нарекоа дебела. После тоа Тајра има многубројни импресивни говори на тема женската убавина и стандарди.


Леа Мишел

Кога актерката имала само 13 години била критикувана за изгледот на нејзиниот нос. За среќа, денес е успешна и без пластични корекции.


Пинк

Нема кој не ја препознава по физичкиот изглед и нејзината единственост. Но, и самата отворено кажува дека изгледот не ѝ одел во прилог на славата, на против, изгледот и одмагал.


Џенифер Лоренс

По Hunger Games сите имаа да кажат по нешто за Лоренс, главно негативно. Денес, таа е новата миленичка на Холивуд.

10-dzvezdi-na-koi-porano-im-velele-deka-se-grdi-za-da-bidat-vo-svetot-na-shou-biznisot-10.jpg

No comments

Powered by Blogger.