План за 1 месец: Како да го намалите целулитот за 80%?

Никој не вели дека е лесно, но сепак вреди да се обидете доколку имате долга, макотрпна борба со целулитот.

Пишува: ЦрноБело

Ако внимателно се придржувате до овој план, за 1 месец очекувајте до 80% намалена видливост на дупчињата на критичните места.

Секој ден: Храна и пијалаци

Внесувајте протеини, влакна, сложени јаглехидрати и храна со здрави масти. Добар пример е самата слика – салата од пилешко, печурки и брокула.



Внесувајте помалку теста, солени и слатки грицки, алкохол, брза храна, преработени продукти.

10-те продукти кои најмногу помагаат: банани, грејпфрут, семки од сончоглед, ѓумбир, риба, маслиново масло, зелка, овесна каша, авокадо, јајца.

Пијте по 1,5 до 2 литри чиста вода секој ден.

Секој ден пијте мешавина од 1 чаша млака вода, ½ исцеден лимон и ½ среден изрендан корен ѓумбир. Денот започнете го токму со оваа мешавина.



Секое утро исто така испијте по 1 лажичка маслиново масло или рибино масло на гладен стомак.


4-5 дена во неделата: Вежби против целулит


Секој ден: туширање со ладна и топла вода + масажа

Почнете го туширањето со топла вода. Потоа променете на студена на 30-90 секунди. Потоа вратете на топла и така 3 до 5 пати во текот на туширањето.

Потоа може да си направите масажа на означените точки на илустрацијата. Прстите движете ги според зелените стрелки:


2 пати во неделата: природен пилинг

Направете си пилинг од шолја морска сол и ¼ шолја маслиново масло. Морската сол може да ја замените и со кафе.

Пилингот правете го двапати неделно за време на туширањето.


Еднаш неделно: купка во солена вода

Наполнете ја кадата со вода околу 37 степени и ставете 200g морска сол. Потопете го телото и правете нежни масажи.

Останете во солена вода 15-20 минути. Ако имате кожа која лесно се иритира, намалете на 10 минути.

No comments

Powered by Blogger.