Загубите на Tesla не спречија Маск да добие многу пари

Во 2016 година шефот на производителот на електрични возила, Tesla Motors, Илон Маск, добил од компанијата плата од 1,34 милијарди долари. Тоа го прави најплатениот топ-менаџер во автомобилската индустрија.

Бизнисменот неколку пати јавно објави дека не добива ниту цент плата, иако ја има должноста генерален директор. Според законите на Калифорнија, каде е регистрирана компанијата, него сепак му следат минимални задолжителни приходи, но тој се откажал и од ова.


Но, како и да е во финансиските документи на производителот за 2016 година (компанијата е јавна и е должна да открие целосни информации) се наведува дека надоместокот на Маск минатата година изнесувал 1,34 милијарди долари. Тоа е за 3,8% повеќе од 2015 година и изгледа прилично чудно, со оглед на најавените од Tesla загуби во износ од 900 милиони долари. Од компанијата побрзаа да објаснат дека износот е реализиран од зголемувањето на вредноста на акциите на Tesla. 

Кога во 2012 година Маск застанува на чело на фирмата тој добива право да располага со нив и според останатите акционери и одборот на директори, досега се справил одлично. Претставник на Маск објави дека порано оваа година шефот бил принуден да продаде акции за 593 милиони долари, за да ги плати даноците за добиениот износ.

Но, факт е дека Маск добил многу повеќе пари од сите други топ-менаџери во автомобилската индустрија. За 2016 година на второ место е претседателот на компанијата за различни компоненти за автомобилската индустрија TS Connective, Томас Линч, кој добил 32,1 милиони, а на трето е поранешниот генерален директор на Ford Motor Co., Марк Филдс, на кого компанијата му платила на име плата 16 милиони долари за 2016 година.

No comments

Powered by Blogger.