Дали Samsung сам протече слика од Galaxy Note 8?

Samsung Mobile презентираше видео во кое е прикажан новиот осум-јадрен Exynos 9, но тоа што најмногу го привлече вниманието е сликата на самиот мобилен уред која е искористена на официјалниот Твитер профил.

Станува збор за досега непознат смартфон на Samsung, па затоа веќе се подгреваат шпекулациите дека Samsung самиот протече слика од претстојниот Galaxy Note 8.

Mожеби е само генеричен модел на Samsung смартфон сличен на Galaxy S8 бидејќи не е прикажан во целост, но исто така постои можност дека токму ова е Galaxy Note 8. Затоа повеќе детали очекуваме наскоро.

No comments

Powered by Blogger.