Сте виделе ли нешто слично? Ова е најголемиот и најлуксузниот Pirelli брод

Пишува: Точка

Pirelli Technorib 1900 докажува дека практично се’ е возможно, како и фактот дека токму еден од најголемите светски производители на пневматици кога ќе тргне по една сосема поинаква патека може да постигне исто толку неверојатен успех.

Оваа миланска компанија речиси и да се здружи со производителот на гумени чамци Technorib, а резултатот од нивната единствена соработка е еден проект којшто официјално ќе биде претставен на овогодинешниот Фестивал на јахтите во Кан.

Ова инаку и не е прв пат за брендот Pirelli да се здружи со компанијата Technorib, но бродот 1900 дефинитивно претставува првенче во целот свет, со тенок труп и единствени гумени туби на надувување.



Како што може да забележите и на фотографиите, Pirelli Technorib 1900 како чамец поседува спортски вибрации и претставува најголем Pirelli брод изработен досега. Опремен е со карбонски покрив и twin мотори со 800 КС, како и врвни пропелери, па како таков постигува максимална брзина од 45 јазли.

Препорачаната брзина за крстосување е 30 јазли, додека автоматскиот систем за управување и џојстикот ги држат сите конци под контрола. Дизајниран е пред се’ за да понуди удобно пловење при било која брзина, како и удобен простор за загарантирано опуштање. Во него се кријат и две кабини, две бањи, како и удобна ложа.





Нажалост, за цената на овој брод засега се’ уште нема никаква информација, па судејќи според се’, сепак ќе мора да почекаме до фестивалот во Кан за да дознаеме и нешто повеќе.

No comments

Powered by Blogger.