Путин ќе го освои небото со новиот ѕвер: "MiG 35" е невидлив и ќе ја чува Русија од натрапници

Пишува: Точка

"Ова е нова конфигурација и е блиску до способностите на авионите од петтата генерација. Има нови радарски и извиднички способности, опремена е со ново оружје и стелт покривка која авионот го прави невидлив за непријателот. Тоа е тоа што авионот го прави многу атрактивен", рекол извршиниот директор на корпорацијата "MiG", Илја Тарасенко.

Повеќенаменскиот борбен авион "MiG 35" успешно го извршил демонстрациониот лет на аеромитингот "MAKS 20170" во близина на Москва, а руските службеници велат дека тоа е првиот "MiG 35" подготвен за борбени дејства и ќе биде испорачан на Руското воздухопловство идната година.

"Ова е нова конфигурација и е блиску до способностите на авионите од петтата генерација. Има нови радарски и извиднички способности, опремена е со ново оружје и стелт покривка која авионот го прави невидлив за непријателот. Тоа е тоа што авионот го прави многу атрактивен", рекол извршиниот директор на корпорацијата "MiG", Илја Тарасенко.

Долгогодишниот наследник на "MiG 29" прв пат полетал пред десет години, но константно бил доработуван со цел да се направи подобар и попримамлив за странски купувачи, наведува Russia Today.

Моменталната верзија на авионот полетала минатата зима, а на аеромитингот требало да биде дел од статичната поставка, но во последен миг била издадена дозвола за летање.

По демонстрацијата на летот, заменик министерот за одбрана на Русија, Јури Борисов, рекол за медиумите дека "MiG 35" ќе биде подготвен во 2018. година доколку ги исполни овогодинешните тестови, пренесува RT.

Командантот на руското Воено воздухопловство, Виктор Бондарев, им рекол на новинарите дека "иднината му припаѓа на овој авион", додавајќи дека би можел да се користи за обука на нови генерации на пилоти.

No comments

Powered by Blogger.