Новост на Messenger која што дефинитивно ќе ве изнервира

Пишува: Точка

Како да не беше доволно тоа што Фејсбук својата мобилна апликација ја подели на две - Facebook и Messenger, сега најголемата социјална мрежа одлучи да го искористи Messenger како платформа за испраќање на огласи.

Така, во иднина очекувајте рекламите да се појават и на Messenger апликацијата. Како што соопштија од Фејсбук, огласите ќе бидат сместени меѓу пораките на корисниците, како што е тоа случај со огласите на Фејсбук.

Стен Чудновски, шеф за развој на Messenger, најави дека огласите сепак нема да бидат видливи веднаш за сите. Имено, Фејсбук ќе ја користи истата тактика со која што се послужи кога беше во прашање Инстаграм - рекламите ќе се прикажуваат постепено.



Ова е последниот во низата на обиди на Фејсбук својата популарност да ја искористи за зголемување на своите приходи од реклами. Веќе се појавија гласини дека следна на удар би можела да биде популарната апликација за комуникација - WhatsApp која што исто така е во сопственост на Фејсбук.

Според некои проценки, секој ден се разменуваат повеќе од 2 милијарди пораки на Messenger и околу 2,5 милијарди пораки на WhatsApp, нешто што е многу „интересно“ за огласувачите. Се проценува дека со воведувањето на рекламите на Messenger и на WhatsApp, Фејсбук до 2020-та година би можел да заработи дополнителни 11 милијарди долари.



Првите кои што ќе имаат "среќа" да ги видат огласите на Messenger ќе бидат корисниците од Австралија и Тајланд, а подоцна рекламите ќе се прошират на апликацијата насекаде низ светот.

No comments

Powered by Blogger.