Одвратни фотографии: Поранешен вработен во McDonald's тврди дека сето ова се наоѓа во нивните машини

Пишува: Точка

Твитер корисникот потпишан "@PhuckYouNick" на оваа микроблогерска платформа ги срушил соништата на сите оние кои сѐ уште мислат дека во McDonald's сѐ е совршено.

Покрај фотографијата од нешто навистина одвратно, тој напишал дека така изгледа внатрешноста на машината од која го добиваат McFlurry-то.



Ова е фотографијата која ја објавил на својот Твитер профил, а таа досега е споделена 13.000 пати. Покрај овие фотографии тој споделил уште неколку за кои тврди дека се фотографирани во внатрешноста на Мекдоналдс.

Фотографиите ги објавувал од 14-ти до 21-ви јули, но британските медиуми дури сега одлучиле да се позанимаваат со нив. На коментарот на еден корисник "дека останал без работа поради фотографиите", @PhuckYouNick потврдил дека повеќе не работи тука, но дека е среќен заради тоа.




Неговата објава од 19-ти јули гласи: "Управителката на синџирот ресторани ми се закани дека ќе се обрати во полиција поради клевета. Ве молам, клеветата е лага, овие фотографии се вистината" ...





Independent се оградиле од секакво тврдење дали фотографиите се вистинити или не се, и ги замолиле и @PhuckYouNick и McDonald's за коментар, но безуспешно.






 3 2

No comments

Powered by Blogger.