Ирина Шајк фотографирана со ќеркичката: Maјката е преубава, а малата Леа преслатка!

Пишува: Точка

Ирина Шајк којашто пред три месеци со сопругот Бредли Купер ја доби ќеркичката Леа де Сена Шајк Купер, се појавила вчеравечер во Лос Анџелес заедно со своето бебе.

Мајката овојпат избрала удобна спортска комбинација додека малото девојче е “дотерано” во вистинска модна комбинација.

Преслатката Леа очигледно уживала во друштвото на својата мајка, којашто многу брзо после породувањето успеа да им се врати на снимањата. Сепак, темпото околу нејзините професионални обврски е далеку побавно од темпото пред да се роди Леа.








Руската манекенка и холивудскиот актер дури две недели после рашањето на ќерката соопштија дека станале родители. За девојчето избрале дефинитивно оригинално име, а Леа ги носи презимињата и од двајцата родители.

Во улогата на родители овој славен пар се оствари после две години од почетокот на врската. Ирина пред романсата со Бредли цели пет години се забавуваше со Кристијано Роналдо, додека Купер зад себе има бројни врски, а помеѓу славните дами коишто биле покрај него се и Суки Вотерхаус, Рене Зелвегер и Маргот Роби. Но, избирајќи ја Ирина Шајк тој дефинитивно ја направил најдобрата одлука којашто можел да ја направи!





No comments

Powered by Blogger.