Ова е првата чиста фотка од iPhone 8



На интернет протече првата чиста фотка која ја прикажува и предната и задната страна на модел кој се верува дека е на претстојниот iPhone 8.

Од неа може да се забележи дека новиот супер смартфон ќе има нов дизајн со целосно стаклена сјајна површина, додека пак рамката околу екранот речиси и нема да биде видлива со што ќе се постигне огромна ефикасност и во помало тело ќе може да се смести поголемиот екран со големина од околу 5,5 инчи.

Видливо е дека iPhone 8 нема скенер за отпечатоци па така претпоставуваме дека отклучувањето и безбедноста ќе се водат преку софтверот за препознавање на лицето преку предната камера.











No comments

Powered by Blogger.