Хрватски "Index": Во Србија го одбиле, во Русија го чекаат како спасител: Тој е творец на македонското спортско чудо

Пишува: Точка

2017. година е годината на македонскиот клупски спорт. Ракометарките на Вардар се европски вице-шампионки, а ракометарите во Келн испишаа ракометна историја.

Македонците во Германија дошле како апсолутни аутсајдери: Речиси сите ракометни експерти очекувале спектакуларно финале меѓу "дрим тимот" на Париз и најтрофејниот клуб во историјата на ракометот - Барселона, но екипата од Скопје направи сензација најпрво во полуфиналето, кога со голот на Лука Циндриќ ги урна Каталонците, за во финалето со голот на Иван Чупиќ во последната секунда да го порази и ПСЖ на браќата Карабатиќ, Хансен, Омејер, ја започнува својата статија "Index.hr".

Третото спортско чудо го направија завчера фудбалерите на Вардар, кои во второто коло од квалификациите за Лигата на Шампионите го исфрлија фаворизираниот шведски Малмо. Во првиот натпревар беше 1:1, а во вториот Вардар по пресврт славеше убедливо со 3:1.

Ракометарки, ракометари, сега и фудбалери

Резултатот го израмни Грнчаров во 56. минута, а во 61. минута Барсегјан ја погоди мрежата по промашениот пенал на Фелипе, и предизвика вистинско лудило на трибините. За конечните 3:1 се погрижи Николов во судиското продолжение.

Во ракометот, Вардар веќе долго е блиску до европскиот врв, и само се чекал исчекорот кој се случи оваа сезона. Од друга страна, во фубалот, во кој се потребни многу поголеми вложувања отколку во ракометот, славниот скопски клуб, полека, но сигурно, се посериозно се наметнува како екипа против која на никој нема да му биде лесно, пишува Index.hr.

Вардар во последните четири настапи во квалификациите за ЛШ испаднал веќе на првата препрека, но три пати бил многу блиску до уривање на многу посилни клубови.

Да не беше Пјаца, Динамо минатата година немаше да ја види Лигата на Шампиони

Во сезоната 2012/13 Бате Борисов го исфрли Вардар со вкупен резултат 3:2, пред две години АПОЕЛ беше подобар со гол на гости, а сите се сеќаваме на маките на Динамо од минатата сезона, кога Модрите минаа во третото квалификациско коло само поради голот на Пјаца, кој ги одигра последните минути за Динамо пред да замине во Јувентус.

Со вкупно десет првенства и пет освоени купови, Вардар е најуспешен македонски клуб, а тој статус го уживал и за време на Југославија, каде бил 11. клуб на листата на сите времиња на Југо лигата. Вардар беше и шампион на Југославија во контроверзната по местенките сезона 1986/87, но подоцна судот во Србија ја доделил таа славна "Шајберова" титула на Партизан.

Од македонската самостојност, Вардар имал периоди на резултатско лутање, па така не знаел за титула од 1995. до 2002. година, кога со тамошниот фубал владееле Силекс и Слога, па и од 2003. до 2012, кога титулите ги освојувале Победа, Работнички, Македонија, Ренова и Шкендија, пишува хрватски Index.

Клучно лице во ренесансата на македонскиот спорт е Сергеј Самсоненко

Меѓутоа, последните години спортскиот симбол на Македонија доминира во тамошнито спорт, а клучно лице во ренесансата на Вардар е Сергеј Самсоненко, кој најпрво ги преземал машкиот и женскиот ракометен клуб, а од 2014. е сопственик и на фубалскиот.

Сопственикот на спортските обложувалници "BetCity", станал сопственик на ФК Вардар во 2014. година, на јавна аукција за само 81.000 евра. Се обврзал дека задолжително во клубот годишно ќе вложува по 1,5 милиони евра, што и прави, а неговото вложување се исплати. како во ракометот, така и во фубалот.
Од Србија го избркале, во Македонија направил чуда

Но, малку недостасувало Сергеј никогаш да не заврши во Македонија. Не е преголема тајна дека богатиот Русин, пред да заврши во Скопје, сакал да инвестира во српскиот ракомет. Самсоненко фрлил око на женскиот клуб Врњачка Бања, а од таму во експресен рок бил протеран, така што руските пари завршиле нешто појужно.

Во 2013. година Самсоненко станал сопственик на машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар, и тоа било само прв чекор кон денешното скопско спортско царство под негов надзор. Кратко потоа го преземал и ФК Вардар, а со негови пари била изградена и новата сала "Јане Сандански", во чии рамки има спа центар, базени, болница и хотел со 4 ѕвезди.

"Не знам дали знаете, но Вардар покрај машкиот наслов во ракометот има и женско финале. Македонија не е спортска велесила, па дури ни ракометна, но тоа што го направија оваа сезона е плод на повеќегодишно составно вложување. Вардар има далеку најдобри услови од сите ракометни клубови во Европа. Инфраструктура, сала, комплекси за тренинг и сите останати содржини...Ние во Хрватска за такви работи можеме да сонуваме. Па ние немаме ни ракометен дом. ПСЖ, колку и да е богат, игра во сала која некогаш била складиште, а Вардар игра во храм на ракометот кој за сите останати клубови е научна фантастика. Не дојде овој успех преку ноќ. Русинот ги вложуваше парите неколку години, постави систем на вистински начин и ова што се случи во Келн е само резултат на паметно вложување", бил воодушевен со успехот на Вардар Лино Червар, веднаш откако клубот се качил на кровот на Европа.

"Додека Металург е исклучиво македонски проект, Вардар е европски. Погледнете им го ростерот, имаат вкупно 2-3 домашни играчи, сите други се врвни странци. Луѓето вложуваат и нивниот начин на работа може да ни биде пример. Во Хрватска немаме ни простоен градски фудбалски стадион, а не па нешто повеќе. Нема да ми кажете дека тој каде што игра Динамо е сериозен стадион? Полјуд бара сериозна реконструкција, Рујевица е замислена како тренинг комплекс, а не како сериозен стадион. Единствено Пула има коректен стадион. Ако е таква состојбата во најпопуларниот спорт - фудбалот, што да очекуваме тогаш од ракометот? Тоа е тажно. Знаете ли каде ќе играат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед Европски супер куп сега во август? Во Скопје, кој има далеку најмодерен стадион на Балканот. Важно е ние да се шегуваме со нив, тие се политички нестабилна земја", заклучил поранешниот тренер на Металург.

Ранетиот џин го чека Самсоненко како спасител

Дека Самсоненко работи одлично во Скпје, сфатиле и во неговата татковина. Русија, некогашна ракометна суперсила, веќе со години чека вистински резултат на големата сцена, кој никако да дојде. По слабиот резултат на СП во Франција и дебаклот на квалификациите за ЕП во Хрватска, во рускиот ракометен сојуз се одлучиле за конкретни промени, па така од тренерската функција бил сменет Дмитри Торгованов, а на негово место дошол Едуард Кокшаров. Кокшаров, инаку спортски директор на Вардар, ќе го води рускиот ракомет, а за координатор на машките репрезентативни селекции е избран, ни повеќе ни помалку, Сергеј Самсоненко.

Дали рецептот на Вардар ќе успее во земјата која е во голема ракометна криза, не знаеме, но добро знаеме дека Самсоненко знае што прави. Дозна и Никола Карабатиќ...

No comments

Powered by Blogger.