“Gangam Style” повеќе не е најгледан видео запис во историјата!



Најгледан музички спот на сите времиња се' до неодамна беше добро познатиот “Gangam Style”. Но после долго време, тој е конечно симнат од тронот, но сепак не се работи за хитот “Despacito”, ако веројатно веднаш помисливте на таа песна.

“Gangam Style” беше хит којшто ни пристигна од Јужна Кореја а чијшто креатор е PSY. Oд 2012-та година па се' до денешен ден никој не успеа да го престигне според бројот на прегледи на сервисот YouTube.

Прва голема закана за овој хит беше новиот хит “Despacito” којшто моментално буквално може да се слушне на секој чекор, но оваа песна не е таа којашто го собори YouTube рекордот според бројот на прегледи, туку песната на Wiz Khalifa “See You Again” во соработка со пејачот Charlie Puth. Овој видео запис моментално има 2,899,718,390 прегледи, додека “Gangam Style” има за цел милион помалку. Луис Фонси со хитот “Despacito” во случајов е за 50 милиони прегледи зад Wiz Khalifa.


Многумина сигурно помислија дека песната на Марк Ронсон и Бруно Марс “Uptown Funk” ќе ги надмине сите, но тие останаа “замрзнати” на 2.5 милијарди прегледи. А тука никако не треба да заборавиме и на Џастин Бибер и песната “Sorry” којашто има 2.6 милијарди прегледи.

No comments

Powered by Blogger.