Galaxy Note 8 ќе биде претставен на 23 август?

Пишува: Smart Portal



Почнувајќи од наредниот месец, ќе се изнагледаме претставување на нови, важни модели на паметни телефони од високата класа. Првиот кој ќе ја отвори трката ќе биде Galaxy Note 8 на Samsung, кој треба да биде претставен на официјална промоција на 23 август.

Телефонот ќе биде најдоброто нешто од Samsung во тој момент – во многу спецификации и подобар од S8 и S8+. Така, Inifinity Display екранот ќе има големина од 6,3 инчи и уште помала рамка во горниот и долниот дел, нормално со сооднос 18,5:9, процесорот ќе биде Snapdragon 836 помогнат од 6 GB рам, додека во задниот дел ќе биде вградена двојна камера.

Сепак, има еден податок кој не е толку импресивен, а тоа е капацитетот на батеријата, кој изнесува само 3.300 mAh, што се чини како малку за смартфон со толку голем дисплеј.



Иако се очекуваше, Galaxy Note 8 скоро сигурно нема да има читач за отпечатоци вграден во дисплејот, кој Samsung смета дека сѐ уште е недоволно безбеден и брз. Воедно, делот каде тој се вградува под дисплејот, според информациите бил делумно потемен од останатиот дисплеј, што е исто така недозволиво. Затоа, како и кај S8 и S8+, Samsung ќе го вгради читачот за отпечатоци во задниот дел на телефонот, веројатно повторно на малку незгодно место до камерата.

Најлоша вест, ако може така да се рече, е очекуваната цена, која ќе изнесува околу 1.000 евра, што е навистина многу. Сепак, според најавите iPhone 8 ќе чини и повеќе од тоа, па затоа и не треба многу да им се замери на Samsung. Како и да е, очекувајте цените на смартфоните од високата класа да продолжат да растат со внесувањето на нови технологии во нив.

No comments

Powered by Blogger.