Сè било добро додека не купиле проколната кукла: Потоа во нивната куќа започнале да се случуваат ужасни работи

Пишува: Точка

Само два дена откако пристигнала куклата, се случил првиот необичен случај...

Пред неколку месеци британските медиуми пишуваа за наводно "опседната" кукла која сопствениците одлучиле да ја продадат на eBay откако во нивната куќа започнале да се случуваат прилично необични работи. Куклата тогаш на аукција за 866 фунти ја купил Ли Стир од Ротердам, Англија. Но тоа не му била најпаметната одлука во животот.



Само два дена откако куклата пристигнала преку пошта на неговата адреса, 30-годишниот Ли и неговите родители го доживеале првиот необичен случај.



Неговиот татко Пол тоа утро на десната подлактица забележал необични, мали гребнатинки... "Татко ми утрото работеше во подрумот, а куклата тогаш се уште беше спакувана во кутија. Кога одеднаш започнал да слуша звуци од стапки како му се приближуваат" - се присетува Ли.



"Тој ми кажа дека тоа му било многу необично. Подоцна истиот ден гледаше live-stream од куклата и мајка ми и во тој момент ми кажа дека започнала да го боли раката. Го подигнал ракавот и открил шест гребаници. Мене гребаниците ми беа многу слични на оние на нозете на сопругот на претходната сопственичка на куклата.



Мојот татко е верник. Тој веднаш ми кажа дека не е среќен што сум ја купил куклата и што е со нас дома", изјавил Ли за Daily Mail.

Поранешната сопственичка на куклата, Деби Мерик, вели дека не е изненадена од необјаснивите настани во куќата на семејството Стир, но дека ѝ е мило што успеала да се ослободи од куклата.



Семејството Стир исто така тврдат дека сијалиците дома им треперат откако ја земале куклата, дека предметите мистериозно се кршат и сликите на ѕидовите необјасниво се нишаат.

Паранормални настани во куќата на семејството Стир или само бујна фантазија и желба за публицитет? Проценете сами:

No comments

Powered by Blogger.