Крст на градите, пливање и риболов во сибирското езеро: Објавени фотографии на Путин од одмор - сè уште е во добра кондиција и ја носи јакната на руската армија

Пишува: Точка

Путин летувал во јужниот дел на Сибир каде што е снимен како се сонча, рибари, плива, њурка и пешачи...
Голем број светски медиуми ги објавија фотографиите од рускиот претседател Владимир Путин - на одмор.



Путин летувал во јужен Сибир, можеби не најегзотичното место за летување на многумина, но за Путин е сосема во ред.



Поранешниот КГБ-овец ниту овој пат не се срамел да го покаже своето тело, со крстот на гради.



Покрај риболовот на планинските езера во јужен Сибир и шетањето по прекрасната, густа Сибирска шума, Путин поминал два часа и во подводен лов на штука.



За време на краткиот одмор, на Путин друштво му правеле министерот за одбрана Сергеј Шојгу, претседателот на Република Какасија - Виктор Зимин и градоначалникот на Тува Шолбан Кара-ул.



Рускиот претседател своите авантури ги овековечувал со "GoPro" камера, а тие снмики заедно со останатите видео клипови и фотографии, вклучувајќи ги и оние направени со дрон, наскоро ќе бидат објавени.





No comments

Powered by Blogger.