Видео: Daimler инвестира во беспилотно такси кое ќе лета во Дубаи


Пишува: Фактор

Германскиот автомобилски бренд Daimler реши да инвестира 30 милиони долари во стартапот Volocopter кој развива летачко беспилотно такси. Нивното возило кое е и летало во исто време е замислено да се користи во такси превозот во Дубаи каде властите покажаа огромен интерес со цел да ја унапредат сликата за градот како еден од најразвиените на планетата и на добар пат се во таа намера.

Системот на Volocopter овозможува патникот да ја внесе посакуваната локација и да плати по електронски пат. Со беспилотното летало целосно би се избегнале гужвите во градскиот сообраќај, исто како на пример со хеликоптер но, цената на превозот секако е многу пониска.

Леталата на Volocopter ќе работат со електричен мотор што значи дека нема да загадуваат со фосилни горива, а првата реална демонстрација ќе се одржи кон крајот на годинава. За патниците ќе бидат обезбедени и падобрани доколку дојде до непредвидена ситуација.

 

No comments

Powered by Blogger.