Тотален хаос, луѓето бараат помош и се кријат под маси: Погледнете ја страшната снимка од земјотресот од болница во Турција!

Пишува: Точка

Најмалку две лица загинале, а 170 биле повредени во земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, кој се случил рано утрово во Егејското море во близина на популарните грчки и турски туристички дестинации, соопштиле грчки и турски службеници.

На грчкиот остров Кос, според наводите на локалните власти, најмалку две лица загинале, а 100 биле повредени.

Од спротивната страна, во турското летувалиште Бодрум, околу 70 повредени биле префрлени во болница.

На интернет се појавиле снимки на кои може да се видат луѓе кои во паника бегаат во текот на земјотресот.

На една од нив се гледаат страшни сцени од потресот во болнца во Турција. Исто така, на снимката се слушаат и врисоци на луѓе додека целата болница се тресе, а посебно е потресна сцената кога родители со мало дете се кријат под маса.

Во нивна близина, исто така, под работна маса се криела една медицинска сестра.

Земјотресот се случил во 22:31 часот по средноевропско време, на длабочина од 10 километри, соопштил Американскиот геолошки завод.

No comments

Powered by Blogger.