Страшно убиство ја шокирало Германија: Ова е жената чии парчиња од телото со денови се бараат по Хамбург

Пишува: Точка

Во германскиот град Хамбург се случил страшно убиство...

Делови од телото на убиената проститутка, 48-годишната Марија А., со прекар Роза, исчезнале на 1. август, а биле пронајдени два дена подоцна на брегот на реката Лаба. Најпрво бил пронајден нејзиниот труп и дел од ногата во каналот.

Марија по потекло е од Екваторијална Гвинеја. Меѓутоа, тука не завршува хоророт, бидејќи од тогаш секојдневно се пронаоѓаат делови од телото на несреќната жена низ целиот град.

Во вторникот била пронајдена рака на жртвата, фрлена во друг канал. Еден минувач во средата пронашол долен дел од нога, а во четвртокот бил пронајден уште еден дел од телото на жртвата помеѓу два моста.

Полицијата изјавила дека верува дека убиецот го распарчувал телото на жртвата со моторна пила, секира и месарски нож. Психологот Хелмут Кури соопштил дека во овој случај најверојатно станува збор за два типа на убиец.



"Или станува збор за екстремно брутален убиен убиец кој со распарчувањето на телото и криењето на деловите сака да го прикрие злосторството, или станува збор за перверзен убиец на кого сето тоа му претставувало задоволство", изјавил Кури.

"Можно е убиството да има сексуален аспект или убиецот да мрази жени поради негативното влијание над него во минатото", рекол Кури и додал дека вакви монструозни злосторства се случуваат еднаш во пет години.



Во квартот каде се собираат африкански проститутки завладеала паника бидејќи убиецот е на слобода и стравуваат дека некоја од нив ќе биде следна.

No comments

Powered by Blogger.