Премногу американски шпиони во Москва: Ќе започне ли Русија да ги протерува американските дипломати?

Пишува: Точка

Според информациите кои што ги пренесуваат руските медиуми, се чини дека е прашање на време кога официјална Москва ќе започне да ги протерува американските дипломати од Русија.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, порача дека „премногу американски шпиони“ оперираат во Москва под дипломатска заштита, па дел од нив наскоро би можеле да бидат исфрлени од земјата.

Евентуалниот ваков потег на руските власти би бил одговор на потегот на администрацијата на поранешниот претедател на САД, Барак Обама, кога од Соединетите Американски Држави беа протерани 35 руски дипломати.



Оваа изјава покрај тоа го прикажува и очигледното разочарување на руските власти од новата претседателска администрација во Вашингтон - имено, Русите очекуваа Доналд Трамп да го поништи овој потег, а тоа досега не се случи и речиси е сигурно дека нема да се случи во иднина.

Имено, доколку Доналд Трамп сега одобри враќање на протераните руски дипломати во САД и враќање на имотот на Русија, тоа веднаш ќе ја сврти американската јавност против него и ќе ги подгрее гласините дека навистина е во блиски односи со руските власти, за кои што се тврди дека му помогнале да победат на претседателските избори.



Да потсетиме, откако поранешниот претседател на САД, Барак Обама нареди протерување на руските дипломати пред самиот крај на неговиот мандат, од Русија одлучија да не превзмеат никакви чекори, барем не веднаш.

Рускиот претседател Владимир Путин тогаш порача дека ќе почека да види што ќе стори новата администрација на Доналд Трамп во врска со тоа прашање, но после нивната средба во четири очи во Хамбург, веројатно на Путин му станало јасно дека новиот американски претседател нема да превземе ништо во врска со тоа.

No comments

Powered by Blogger.