Трамп му се заблагодари на Путин за протераните американски дипломати: Ни заштеди многу пари

Пишува: Точка

На својот втор состанок со новнарите во својот комплекс за голф во Њу Џерси, американскиот претседател Доналд Трамп упати благодарност до неговиот руски колега Владимир Путин.

Американскиот претседател изјави: „Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Русија, Владимир Путин поради протерувањето на стотина дипломати вработени во амбасадата на Соединетите Американски Држави во Русија, затоа што ние се обидуваме да го намалиме платниот список“.

Претседателот-бизнисмен, изјави дека тој потег го има искористено за „намалување на платниот список“, иако многумина го сфатија коментарот како шега, или пак исмејување на контра-мерката на Путин која што воопшто не се почувствува во САД.

Трамп досега немаше никаков коментар во врска со протерувањето на американските дипломати од Русија: „Исклучително го ценам фактот што успеавме да го намалиме платниот список“, изјави Трамп и додаде дека со тоа „САД ќе заштеди многу пари“.



Претходно, претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека бројот на американски дипломати во Русија ќе се намали за 755 дипломати и ќе има исто толку колку што и русите имаат во САД - по 455 на секоја страна.

Ова беше контра-мерката на Руската Федерација, откако Доналд Трамп го потпиша законот за воведување на нови санкции против Русија. Иако медиумите на Путин ваквата руска мерка ја претставија како „тежок удар за САД“, во пракса, најмногу загубија руските државјани кои што беа вработени во дипломатските претставништва на САД.

No comments

Powered by Blogger.