Притвор за Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, Мијалков останува без пасош

Екс началникот на Петтата управа Горан Грујевски, поранешниот функционер во УБК сега директор на меѓународниот центар СЕЛЕК во Романија Тони Јакимовски и Никола Бошковски исто така дел од Управата, ќе одат во притвор - вака одлучи Апелациониот суд.

Пишува: 24 ВЕСТИ

Како што потврдуваат од Апелација, обвинетите имаат право на жалба која го запира извршувањето на мерката. За поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пак потврдена е одлуката на Кривичниот суд. Тој останува без пасошот иако вети пред судот дека редовно ќе се јавува на секој повик.

Апелација за одлуките информираше преку кусо соопштение додека во текот на утрешниот ден се очекува да бидат објавени и образложенијата на одлуките – зошто Апелационите судии сметале дека Грујевски, Јакимовски и Бошковски може да бегаат.

За СЈО главни беа аргументите дека Грујевски постојано ја избегнува кривичната постапка непојавувајќи се на распити, закажани рочишта и на вчерашната јавна седница. Јакимовски пак кој е на висока позиција во меѓународно тело и својата функција ја извршува во странство поради што постои опасност да побегне од правдата во македонија. Бошковски пак лијаел врз сведоците, истакнаа вчера обвинителите на СЈО.

На слобода останува координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими. За него ниту кривичниот совет ниту Апелација не најде основи тој да оди во Шутка ниту пак да му бидат определени поблаги мерки.

Денеска во Апелација пристигнаа уште три нови предмети по жалба „Титаник“, „Топлик“ и „ТНТ“.

Од Апелација сè уште не знаат дали жалбите ќе бидат разгледувани на јавни седници, а од Кривичниот суд каде се комплетраат предметите велат дека сè уште чекаат одговори на жалби за уште неколку случаи пред да ги пратат во соседниот повисок суд.

СЈО поднесе жалба за одлуката на Кривичен да не му определи притвор на врвот на ВМРО-ДПМНЕ обвинет за изборни нерегуларност во „Титаник“ и наместо во Шутка, поранешниот премиер Груевски, екс министрите Јакулоска и Јанакиески и Протуѓер и Божиновски останаа без пасошите. Обжалена е и одлуката за градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој исто така остана без пасош, а се товари за злоупотреба на службената положба поради уривањето на објектот „Космос“ на Фиат Цаноски.

No comments

Powered by Blogger.