Најпопуларните автомобили по држави: Јапонците се на врвот, а Балканците најмногу сакаат да го возат истиот автомобил

Пишува: Точка

На второ место е БМВ, кој победи во 51 држава - најмногу од кои Европски земји, а особено Германија.

Иако Тојота го загуби статусот на најголем производител на автомобили, нема сомнеж дека Тојота и понатаму е број 1 ако го прашате Google.

Според податоците кои ги собра британскиот Quickco од дури 193 држави, Тојота е најчесто пребарувана автомобилска марка на Google. Верувале или не, дури во 74 земји од светот. Јапонскиот производител апсолутен број 1 во државите како САД, Кина, Австралија и во повеќето Афрички земји. Еве како стојат работите со останатите марки на автомобили во останатите земји на светот.

На второ место е БМВ, кој победата ја однесе во 51 држава, најчесто Европските земји, особено Германија. И не само тоа, БМВ победил и во Јапонија и во Кореја - држави со моќни авто-компании.





Малку изненадувачки, на третото место се најде Хјундаи, корејскиот гигант, кој меѓудругото се покажа и како многу популарен во Русија, Индија и уште 15 други држави. Хонда исто така може да се гордее со победата во неколку земји како Бразил и Канада. Очекувано, Фиат и Волво најдобро поминале во матичните земји.

Фолксваген е еден од најголемите светски производители на автомобили чии производи се најпопуларни во Шпанија, Романија, Белорусија, Естонија, Андора, Уругвај и некои острови.

Кои се најпродаваните автомобили на Балканот?

Србија, Македонија како и остатокот од регионот преферираат да возат БМВ - најбараната автомобилска марка во сите земји на поранешна Југославија со исклучок на Словенија, за неа нема достапни информации.

А што е со Јужна Америка?

Американските марки поминале катастрофално. Единствен исклучок е Шевролет, најпродаваната марка во Аргентина, Чиле, Колумбија, Еквадор и Мексико. Британците поминале уште полошо, односно Јагуар, кој донекаде е во индиски раце, а победил само во рајот Белиз.



Од интересните резултати секако вреди да се издвои Мини, кој е во сопственост на БМВ, а се закитил со титулата "најпродаван автомобил" во Лаос, Непал и Јемен. Уште поинтересен е Бугати, производителот на еден од најбрзите (воедно и најскапите) автомобили на светот, а победил во Нигер, земјата со само 7 автомобили на илјада жители и вкупно околу 4.200 км асфалтирани патишта.

No comments

Powered by Blogger.