Патнички авиони со против-ракетни системи: Еве зошто израелската „Ел Ал“ е најбезбедната авиокомпанија на светот

Пишува: Точка

Безбедноста на воздушниот сообраќај не е поврзана само со техничките стандарди, туку исто таае поврзана и со против-терористичката безбедност, подготвеноста на киднапирањето на авионите и нивното уништување.

Меѓу авиокомпаниите кои што посебно се грижат од потенцијални терористички напади е израелската национална авиокомпанија „Ел Ал“.

„Ел Ал“ на хебрејски значи „Кон небото“, својот прв лет го имаше во септември 1948-ма година на релација Женева - Тел Авив. Денес оваа компанија лета на повеќе од 50 дестинации во Израел, Европа, Блискиот исток, Америка, Африка и Далечниот исток.

Станува збор за единствената авиокомпанија која што има авиони опремени со против-ракетни одбранбени системи и се смета за најбезбедната светска компанија поради исклучително сериозните процедури на тло и во воздух. Иако израелските авиони практично секојдневно се на мета на терористите, само еден лет на „Ел Ал“ бил киднапиран, меѓутоа и тогаш немало ниту една жртва.

„Ел Ал“ им служи на израелските политички интереси, посебно во операциите за спасување на Евреите од другите земји. Поради тоа, токму оваа авиокомпанија го држи рекордот по бројот на пренесени патници во еден авион (1122 патници), а во операцијата „Саломон“ во 1991-ва година кога еврејски бегалци се превезувале од Етиопија во Израел, оваа авиокомпанија пренела дури 14,500 патници. Во склад со израелските патници, во авионот се служи само традиционална храна и не лета на верски празници.



Со оглед на безбедносното опкружување, бомбашките напади и самоубиствените напади, Израел создаде авиокомпанија со големи стандарди, а за нив, „Ел Ал“ е неверојатен успех, затоа што и покрај сите закани, само еден авион бил киднапиран во 1968-ма година. Тогаш „Боинг 707“ со 38 патници кој летал на релација Рим - Тел Авив, го киднапирале тројца членови на Народниот фронт за ослободување на Палестина и го пренасочиле во Алжир. Преговорите со киднаперите траеле 40 дена, а на крај сите патници биле ослободени. Од тогаш, оваа авиокомпанија уште повеќе ги зголемила безбедносните проверки.

Покрај тоа, треба да се спомене дека биле избегнати уште неколку катастрофи - во 1979-та година била во Цирих била пронајдена бомба во багажот на патник кој што изгледал нервозно, а уште една бомба била пронајдена пред неколку години во багажот на бремена Англичанка во Лондон - таа не знаела за бомбата, а истата била поставена од нејзиниот љубовник, Палестинец.

Неверојатни безбедносни мерки и трениран екипаж

Екипажот на авионот е внимателно избран - сите се образовани, обучени да препознаат потенцијални киднапери. Авиокомпанијата располага со моќен систем кој ја чинеше 90 милиони долари само минатата година. Во него има - профилирање на патници, отворање на торби и најмување на професионални обезбедувачи.

Членовите на екипажот пред полетувањето ги прегледува имињата на патниците и врши селекција. Патниците се делат во патници со низок ризик (Израелски државјани, Израелци од странство), умерен ризик (Странци кои што не се Евреи) и екстремно висок ризик (било кој со арапско име).

Овие лица веднаш ги носат во посебни простории каде што детално ги претресуваат нивните тела и багажот, а во процедурата е вклучено и долго испитување. Жените кои што патуваат сами исто така се внесуваат во патници со висок ризик. За да ги поделат патниците, често ги прашуваат по некој хебрејски збор (речиси секој Евреин знае), а прашањата до патниците не се шаблонски, па некој да има подготвен одговор, туку секогаш се менуваат.



Резервирањето на билет во „Ел Ал“ значи дека вашето име ќе биде внесено во системот и веднаш ќе биде извршена проверка на листите со осомничени лица за тероризам кои што се составени од Интерпол, ФБИ, другите национални агенции и израелски Шин Бет.

Доколку летате со „Ел Ал“ бидете уверени дека во авионот со вас летаат и до пет вооружени агенти кои што се „преоблечени“ во патници. Како и многу Израелци, сите членови на екипажот се поранешни припадници на израелската армија и се обучени за борба. Вратата од кокпитот е зајакната со челик и се заклучува пред патниците да влезат во авионот, а се отвораат откако ќе излезат од авионот. Без оглед на тоа што се случува во авионот, оваа врата никогаш не се отвора. Обезбедувањето на компанијата дури и ги надгледува и лицата задолжени за чистење на авионот.

Истовремено, пилотите не се вооружени. Тие немаат пиштол затоа што „Ел Ал“ ништо не препушта на случајноста со оглед на тоа и пилотите можат да излезат и да почнат да пукаат во луѓето.

Против-ракетни системи на патнички авион

Од почетокот на 2000-та година, авионите на „Ел Ал“ имаат против-ракетни системи за заштита. „Ел Ал“ во 2014-та година започна дури и да ги надоградува своите авиони кои што летаат на „чувствителни“ рути со одбранбени системи кои што вклучуваат инфрацрвена камера за следење на проектили, ултрацрвен или ултравиолетов радарски сензор за одредување на движењето на проектилот уште во раната фаза од нападот и ласерски систем за делување.



Екипажот е строго дисциплиниран, а задолжен е и за проучување на тоа дали некој патник купил билет во последен момент, што се носи во завитканиот подарок и кој го купил. Општо познато е дека сите патници се свесни дека ако има проблеми, ќе се соочат со екипаж кој што минал комплетна воена обука.

Со оглед на тоа што во просек, секое испрашување на патниците трае по 10 минути и повеќе, патниците на „Ел Ал“ мора да пристигнат на аеродром три часа пред полетувањето на авионот. Патниците притоа можат да бидат испрашувани одвоено или на три посебни места. Секој багаж детално се скенира и проверува, па така, во „Ел Ал“ секој може мирно да спие.

No comments

Powered by Blogger.