Ирачаните ги менуваат американските со руски тенкови: Москва и Багдад договорија богата зделка

Пишува: Точка

Москва и Багдад договориле продажба на „голем број“ на руски Т-90 тенкови - ќе ја зајакнат ирачката армија и ќе ги надоместат американските М1А1 „Абрамс“ тенкови загубени во борбите против Исламската држава.

Од руски Кремљ потврдија дека Москва и Багдад постигнале договор за продажба на „голем број“ на руски Т-90 тенкови на ирачката армија.

Наводно, руски висок функционер од Кремљ открил дека руските Т-90 тенкови ќе ја зајакнат ирачката армија која што примарно ги користи американските М1А1 „Абрамс“ тенкови, со оглед на тоа што одреден број на тенкови Ирачаните ги загубија во борбите против Исламската држава.



Рускиот функционер Владимир Кожин потврди дека е постигнат договор во разговор за руските медиуми, но не сакаше да открие за колкав број на тенкови станува збор. Тој открил дека станува збор за „голем број“, а исто така не го открил ниту износот на зделката за кој што руските медиуми тврдат дека исто така е прилично богат.

Одредени информации руските медиуми успеале да дознаат од извештаите на руската компанија „Уралвагонзавод“ која што ги произведува Т-90 тенковите. Во нивниот извештај од почетокот на оваа година стоело дека постои план за продажба на најмалку 73 тенкови.







Т-90 тенкот е изграден врз дизајнот на советскиот Т-72 тенк и станува збор за еден од најпродаваните тенкови на светот. Русите во последните неколку години вакви тенкови продадоа во Индија, Алжир, Азербејџан, Кувајт, Виетнам и Египет.

No comments

Powered by Blogger.