Вознемирувачко видео: Осуден на смрт поради убиство и силување на тригодишно девојче и јавно погубен

Пишува: Точка

Мухамед Ал Маграби (41) поради силување и убиство на тригодишно девојче во Јемен бил осуден на смрт и јавно погубен во понеделникот, пренесуваат светските медиуми.

Маграби бил погубен со пукање во глава во главниот град Сани пред стотици насобрани луѓе кои настанот го снимале со своите мобилни телефони, а државната телевизија го емитувала погубувањето во живо.

Снимките го прикажуваат Маграби на земја со врзани раце зад грб пред да започне погобувањето, а потоа насобраната публика го следи полициското возило со неговото тело.

Американскиот Стејт Департмент соопшти дека шеријатскиот закон е "извор на целото законодавство во Јемен". Според овој закон убиство се казнува со убиство, иако не одредува конкретен начин нна кој погубувањето би требало да биде извршено.

No comments

Powered by Blogger.