Пиштол вперен во главата на Ердоган: Турскиот претседател веднаш нареди апсење на режисерот на овој контроверзен филм

Пишува: Точка

Турската полиција го уапси режисерот Али Авчи кој што е заслужен за снимањето на биографскиот филм „Шеф“ за турскиот претседател Ердоган, како и филмот „Будење“ за настаните околу воениот пуч во Турција на 15-ти јули минатата година.

Режисерот на филмот за минатогодишниот обид за воен пуч во Турција, Али Авчи е уапсен поради сомнение дека е поврзан со Фетулах Ѓулен, турскиот проповедник кој што се смета за главен организатор на неупешниот воен удар минатата година, пренесува турската новинска агенција „Анадолија“.

Авчи е продуцент на биографскиот филм „Шеф“ за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој што се појави во март, а филмот „Будење“ кој што ги опфаќа настаните од обидот за државен удар на 15-ти јули минатата година во Турција, се уште не е прикажан.

Во трејлерот на филмот „Будење“, може да се види како пучистите го убиваат семејството и соработниците на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а трејлерот завршува со кадар на кој што во главата на Ердоган е вперен пиштол.

Авчи бил уапсен додека бил во својот дом, заедно со уште еден бегалец кој што исто така бил осомничен за поврзаност со организацијата на Фетулах Ѓулен.

Тој наводно користел апликација за испраќање на заштитени пораки, апликација која што наводно ја користеле сите членови на мрежите на Ѓулен, кој инаку моментално живее во Соединетите Американски Држави и негира било каква негова вмешаност во неуспешниот воен удар во Турција минатата година.



Од задушувањето на пучот и прогласувањето на вондредна состојба во Турција, во оваа земја се уапсени над 47 илјади луѓе, обвинети се над 100 илјади државни службеници, вклучувајќи околу 4,200 судии и обвинители.

No comments

Powered by Blogger.