Шокираните туристи го гледале десантот на мигрантите: Додека да дојде полицијата, тие веќе исчезнале од плажата!

Пишува: Точка

Брод кој пренесувал десетина африкански мигранти одненадеж извршил десант на шпанска плажа пред десетина шокирани туристи.

Снимките покажуваат дека мигрантите го напуштаат црниот гумен чамец на плажата во Кадиз на југот на Шпанија, откако го минале Гибралтарскиот мореуз.

Мигрантите побегнале од плажата пред доаѓањето на полицијата. Инцидентот се случил во средата попладне, а на снимката се гледа чамец кој се појавил од зад маж и дете кои се капеле во морето.


Карлос Санс, кој го снимил видеото на одмор во Кадиз, рекол дека групата брзо исчезнала и дека полицијата пристигнала подоцна.

Десантот на мигрантите на шпанските плажи не е вообичаен, но и претходно ги имало, посебно во шпанските северноафрикански енклави во градовите Мелила и Сеута, кои се граничат со Мароко.

Сеута и Мелила единствени имаат граница со Африка, а како резултат на тоа, тие се влезни точки за луѓето кои очајнички сакаат да дојдат до Европа.

Мигрантите редовно се обидуваат да ги прескокнат високите огради, да пливаат долж брегот или да се сокријат во возилата кои ја минуваат границата.



Последните денови, мигрантите неколку пати ја нападнале границата со Сеута, обидувајќи се да ја прескокнат оградата.

No comments

Powered by Blogger.