Планирате да се преселите во Швајцарија? Дали би успеале да го решите тестот за швајцарско државјанство?

Пишува: Точка

Фунди, којашто инаку се занимава со техничко цртање, родена е во Швајцарија од родители Турци, а барањето за државјанство го поднела на сугестија на својот свршеник, којшто сметал дека таа би требала повеќе да биде вклучена во политиката со тоа што ќе учествува на референдуми, коишто пак во оваа држава се прилично чести и претставуваат предмет на политичката култура.

Дали сте можеби помеѓу оние коишто имале прилика пред некое време да заминат токму во земјата на часовниците, банките и благосостојбата и сте успеале да стекнете и услови за добивање на швајцарско државјанство? И веројатно сте си помислиле – “супер, конечно и јас ќе станам Швајцарец”, но пред вас е поставен еден сосема поинаков тест - тест на познавања на земјата и обичаите, којшто патем и воопшто не е лесен за да се положи.

На 25-годишната Фунди Јилмаз, којашто целиот свој живот живее во Швајцарија и говори на локален дијалект, и' било одбиено барањето за државјанство на оваа земја. Се прашувате зошто? Затоа што таа не знаела да одговори на прашањата како на пример, како се рециклира одреден вид на отпад во Швајцарија, а не е запознаена ниту со супермаркетите во земјата, но и не знае ниту каков е тој спорт којшто се нарекува “Hornussen”. Иако одпрво овие работи изгледаат навистина смешно, ако не го знаете нивниот одговор, барањето за државјанство тешко дека ќе ви биде прифатено, исто како и она на Фунди!

- Родена сум тука и не познавам ниту еден поинаков живот, изјавила Фунди пред 6-члената комисија во интервјуто коешто следело после писмениот тест.



- Немам планови да се преселам надвор од државата, додала таа.

Но, после два круга од предвидените интервјуа и повеќе од 100-те поставени прашања, комисијата го одбила барањето за државјанство на Фунди. Според нивното мислење, таа живее “во својот мал свет и не покажува доволен интерес за дијалог со Швајцарија и нејзините жители. Јилмаз особено добила критки бидејќи не знаела да го објасни системот за рециклирање, но и ниту да наброи било кој друг ланец од супермаркети освен Алди.



Понатаму, барањето било одбиено и поради тоа што не знаела доволно за типичните швајцарски спортови како што се “hornussen” и “schwingen”, туку како класичен “државен” спорт го навела скијањето.



“Дали сакате да се движите”, “со каков вид на активност се занимавате”, “дали би сакале да ја посетите Женева и нејзината околина” – ова се само дел од прашањата во интервјуто коешто потоа привлекло огромно внимание кај медиумите.

No comments

Powered by Blogger.