Американска новинарка сакала да се направи паметна, а неверојатно се избламирала: Нема да верувате каде ја сместила Југославија

Пишува: Точка

Американската телевизиска новинарка Џој Рид навистина добро се избламирала. Новинарката на мрежата "MSNBC", која напишала неколку книги, нема поим ни од историја, ни од географија.

Нејзината објава на Твитер, во која напишала дека Југославија била дел од СССР ги запалила социјалните мрежи. Рид сакала да го критикува претседателот Доналд Трамп поради мерките кои ги вовел против мигрантите и напишала:



"Ивана Трамп е од поранешна Чехословачка. Само укажувам на факт", а потоа продолжила:

"Доналд Трамп се оженил со Американка (неговата втора жена) и две жени од поранешна советска Југославија: Ивана - Словачка, Меланија - Словенија".



Новинарката инаку завршила на Харвард, и напишала неколку книги, меѓутоа очигледно не научила дека Југославија никогаш не била дел од Советскиот сојуз, и дека Словачка никогаш не била дел од Југославија. И плус тоа што Ивана е од Чешка...

Но Рид не застанала на тоа, па продолжила да "брилира":

"Меланија е од Словенија, која со Словачка ја сочинувала Југославија".

И така настанала "Југословачка" а некои дури и се обиделе да го дизајнираат знамето...

No comments

Powered by Blogger.