Украле сијамски близначки веднаш по раѓање и врз нив изведувале нечовечки експерименти: Едната станала психопат, а другата...

Пишува: Точка

Тие биле најстарите живи сијамски близначки, се до нивната смрт во 2013-та година, на 54 годишна возраст.

Киднапирани од нивната мајка веднаш по раѓањето, во времето на Советска Русија на Сталин, сијамските близначки Маша и Даша Кривосљапови со години биле изложени на најсурови медицински експерименти и истражувања.

Биле изложувани на оган и горени, изгладнети, смрзнувани, држени вештачки будни, во нив вбризгувале најразлични радиоактивни и хемиски супстанци, а употребувале и електрошокови врз нив во лудите истражувања - и сето тоа бидејќи тие две делеле заеднички крвен систем но имале посебни нервни системи.



Иако целиот живот живееле по институции и за хоророт низ кој поминувале малку се знаело, сега целата приказна излегла на виделина и сето тоа благодарение на новинарката Жилиет Батлер, пренесува Daily Mail.



Таа открила дека иако целиот живот ги делеле стравичните тортури за време на детството и по медицински и по научни санаториуми, тие сепак се развиле во две сосема различни личности. Додека едната била сурова, нечувствителна и психопатски манипулативна кон својата сестра, другата останала нежна, сочувствителна, емотивна и со силна желба да живее колку-толку нормален живот.
"Немам ниту најмал сомнеж дека Маша беше психопат, а дека Даша беше во емоционално условена позиција и злоупотребувана од својата сестра", изјавила Батлер, која во 1988-ма година станала нивна пријателка.

"Маша на Даша ѝ ускратуваше сѐ што таа некогаш сакаше. Кога е некој во таков однос, секогаш може да си замине и да го напушти. Даша ја немаше таа опција. Не можеше да има нормален однос ниту со својата мајка заради неа, ни да запознае љубов, ниту да има шанска да им се раздвојат телата", вели новинарката.


Таа исто така открива дека близначките, веднаш откако биле родени во јануари 1950-та година, биле одземени од нивната мајка Екатерина, на која ѝ било кажано дека нејзините бебиња умреле по царскиот рез. Потоа следувале години на експерименти и тортури врз близначките.

"Токму јас бев таа која им кажа низ што се поминувале за време на детството бидејќи тие две тоа го имаа целосно исклучено од меморија. Даша тогаш ми кажа "Па тие само си ја вршеле својата работа", додека Маша беше бесна и гневна. Дури и кога Даша се заљуби и љубовта ѝ беше возвратена, таа го одби момчето бидејќи никој "не смеел да ја има Даша, освен Маша"", раскажува Батлер.




Така било и со начинот на живот - Даша сакала да работи, а Маша само сакала да пуши и да пие алкохол, работите кои Даша не ги поднесувала. Меѓутоа,останале заедно до смртта во 2003-та година, кога прво Маша починала од срцев удар на 54 години, но бидејќи Даша ни тогаш не сакала хируршки да им ги одвојат телата, умрела од труење на крвта поради телото во распаѓање на сестра си, само неколку часа по неа.

No comments

Powered by Blogger.