Какви опасности носи мокриот костим за капење?

Пишува: Точка

Воспаленијата на бешиката и јајниците, како и габичните инфекции се прилично чести и исто толку непосакувани следбеници на летните уживања.

Клучна причина за тоа е нашата “неодговорност” – не размислуваме дали костимот за капење којшто се' уште го носиме е и понатаму мокар, се движиме боси по плочки, не сме доволно внимателни при употребата на јавните тоалети на плажите...

Има многу нешта кои токму поради нашата невнимателност придонесуваат за големи проблеми коишто прават буквално целото лето да ни се “расипе”, а ова е особено иритантно кога ќе се случи за време на годишниот одмор. Токму затоа, не е лошо да ги послушате советите на стручните лица, се' со цел да не се соочите и вие со ваквите непосакувани последици.

Кога се работи за воспаленијата на бешиката, наглите промени на температурите (на пример излегувањето од климатизирана просторија или влегувањето во ладното море) може да бидат клучен виновник. Исто така, треба да се води грижа и при употребата на јавните тоалети.

Симптомите како што е честото мокрење проследено со пецкање, па дури и траги од крв во урината, може да бидат прилично непријатни, па ако забележите такви реакции, потребно е во најбрз можен рок да побарате лекарска помош и консултација.

Препорачливо е и да внесувате најмалку два литра течности дневно како би ги “исплакнале” бактериите, а добра идеја е и увиниот чај, како и свежото овошје и зеленчук.



Габичните инфекции најчесто може да ги добиете ако се капете во базен. Најзагрозени се личностите коишто јадат многу слатки, пијат аклкохол и имаат ослабен имунитет или пак се изложени на стрес.

Габичното заболување предизвикано од кандида е најупорно и најдолго се лечи и понекогаш дури и после терапија со антибиотици лекувањето не оди сосема лесно.

Воспаленијата на јајниците се чести додека се престојува покрај море, а симптомите се проследени со болки во долниот дел на стомакот, токму во пределот на јајниците, а понекогаш може да се јави и повисока телесна температура.

Воспаленијата од овој тип мора да се лечат со антибиотици, а како би ги спречиле, треба да избегнувате ладни напитоци и да не се движите боси. Ако пак веќе се соочувате со воспаление, внимавајте стапалата и стомакот да бидат суви, а се препорачува и почест престој на сонце.

No comments

Powered by Blogger.