Дали ја чувате лубеницата во ладилник? Воопшто не сте ниту свесни колкава грешка правите!

Пишува: Точка

Едно недамнешно истражување спроведено од страна на американското министерство за земјоделство покажува дека сите ние коишто лубеницата пред конзумирање ја ставаме во ладилник всушност – премногу грешиме.

Според зборовите на стручњаците, лубеницата треба да се чува на собна температура како би ги задржала сите хранливи состојки со коишто изобилува. А кога е ладна, таа ги губи повеќето витамини и хранливи материи.

Уште едно нешто коешто го откриле научниците е тоа дека лубеницата продолжува да произведува витамини и хранливи материи откако е набрана, но повторно – само ако е на собна температура. Кога ја ставаме во ладилник, тој процес значајно се забавува.

Во рамките на ова истражување научниците на 14 дена ставиле лубеници на 21, 12 и 5 степени Целзиусови при што се воспоставило дека оние коишто биле чувани на 21 степен Целзиусов имале за 40 отсто повеќе ликопен и од 50 до 139 отсто повеќе бета каротен.



Фактот дека наирниците ги губат хранливите својства кога се чуваат во ладилник и не е непознат. Секоја намирница складирана во ладилник губи значаен дел од здравите материи. Токму затоа секогаш треба да се купат во онолкаво количество колку што сметате дека би изеле. Ако сепак ви преостане, конкретно кога станува збор за лубеницата, најдобро е да и' ги отстраните семките, да ја изблендирате и да ја замрзнете, па да ја оставите за на есен или за во зима.

Секогаш, за секое овошје, важи правилото дека најголема корист имате ако го консумирате веднаш или да го замрзнете нерасечено, а најголем дел од хранливите материи се губат кога начнати се оставаат во ладилник, порачуваат нутриционистите.




А лубеницата е едно од најдобрите нешта со коишто може да се почестите во летните денови, бидејќи се состои од 90 отсто вода, па истовремено ве хидрира и освежува. Поради тоа нејзино својство таа е совршена и за диетите, а изобилува и со хранливи состојки како што се витамините А и Ц, бетакаротен, ликопен, железо, цинк и многу минерали.

No comments

Powered by Blogger.