Ужас во Берлинското метро: Шутирале и давеле патници

Пишува: Точка

Берлинската полиција вчера објавила снимка од уште еден напад во метро, кој, како што се наведува, се случил доцна вечерта на 27. јануари. Двајца непознати мажи на ескалаторот нападнале три момчеиња, од кои двајца се повредени.

Момчињата биле нападнати во околу 22:30 часот на станицата "Гезундбрунен", додека на ескалаторот се качувале на линијата "U8". Тие изјавиле дека одненадеж слушнале како некој им довикува од зад грб, а кога се свртеле, забележале двајца мажи. Еден од нив со рацете се отфрлил од гелендер, замавнал со нозете и силно удрил во гради 20-годишно момче, кое паднало по скалите ги повредило двете нозе.



Потоа напаѓачите нападнале и друго момче, на возраст од 23-години, но тоа во еден момент ја фатило раката на еден од напаѓачите. Во борбата, меѓутоа, ја повредило главата.



Потоа напаѓачите почнале да го даваат третето момче во групата, на возраст од 22 години, при што накратко останало без воздух, но не било повредено.



Напаѓачите потоа побегнале, а берлинската полиција ги повикала граѓаните да се јават доколку ги познаат.

Пред неколку дена бил осуден 28-годишниот Светослав С, кој во октомври минатата година удрил млада жена од зад грб, при што таа паднала по скали. Покраинскиот суд во Берлин го прогласил за виновен за нанесување на телесни повреди и го осудил на две години и 11 месеци затвор.

No comments

Powered by Blogger.